БИСЕРНИ КОПЧИЊА
Закопчувањето е старо скоро колку облеката. Се разбира,во почетокот се вршело преку јазли, игли, куки, замки и се што можело да задржи два слоја ткаенина или кожа. За време на бронзената ера се појавуваат и копчињата. Најстарите се најдени во долината на Инд,во денешните земи на Индија и како материјал за нив е користено се, што лесно се обработувало.
Галерија
Мода и бисерни копчиња
Денес модата посветува посебно внимание на бисерните копчиња. Тие ги разубавуваат и дават разновидност на фини свилени фустани,кошули и блузи. Се произведуваат во безброј варијанти и ја прават облеката уникатна и со душа. Додаток се кон облеката,а тоа го прави накитот непотребен.
Под исто се користат како подебелите,за кои се забележува дека се обработени,така и такви како снегулка или парче од необработена школка бисерни копчиња.
Прекрасни модели од 18 век се чуваат во Музејот на копчето во Италија. Од време на време се организираат изложби во најголемите светски музеи и таму сами можете да се убедите,како ситните бисерни копчиња носеле радост на луѓето години назад.
Производство
Денес ,бисерот изработен од школките,доаѓа претежно од Филипините и Јапонија.
Технологијата за производството на бисерните копчиња одамна нема ништо заедничко со занаетот од минатото. Со можностите на модерната техника тие веќе се евтини и трајни. Во исто време нивната убавина е природна, совладува и во целост одговара на желбата за максимално придржување кон материјали и материи од природно потекло.
Обично едната страна е посветла,а другата е во потемни нијанси и ги чува неправилностите на школката. Моделите се дебели,со определена густина и трајни. Современите бисерни копчиња не се кршат лесно и нема потреба да ја менувате формата на облеката,затоа што се е скршило некое од нив.
Големината обично е од 14 до 18,но ако вие имате специјални побарувања,можат да се изработат и во други димензии. Се изработуваат бисерни копчиња и во големина 40.
Историјата на блескавите бисерни копчиња.
Блескавиот внатрешен дел на школките го привлекува вниманието на древните народи уште во почетокот на цивилизацијата. Школката блескала на сонцето во различни бои и носела значајност и убавина. Поради тоа бисерните школки брзо нашле место во украсите на облеката. Од таму до функцијата им да прицврстуваат ткаените имало само еден чекор и тој бил остварен. Школката лесно се обработувала и ги имало во изобилство .Така убавите бисерни копчиња биле откриени.
Поминале многу години,во кои тие ту се заборавени,ту поново биле модни. Од средните векови до денес трајно се утврдиле во облеката. Имало периоди,во кои се шиле врз облеката десетици дури стотици копчиња. Познато е,дека на кралското одело на Франсоа Први имало сошиени повеќе од 13 000,се разбира ,не бисерни,а златни копчиња. Копчињата биле обележје за општествена и имотна состојба и достапни само за определени слоеви од опшеството.
Во поново време малите бисерни копчиња станале поле за докажување на уметници,резбари и златари. Тие често се уметнички дела,за кои колекционерите плаќаат огромни суми.
Седефот- мајката на бисерите
Денес разновидните бисерни копчиња се дел од бранот на почит кон природните материјали во последните години. Седефот,од кој се изработуваат е многу близок по состав до бисерите. Тој е вид секрет,кој школката произведува во стремежот си да ја направи корупката идеално глатка и да се зачува од дразбите на попаднатите во неа туѓи тела и паразити. Тие се изградени од вид плочици од калциум карбонат,подредени паралелно на површината. Нивните слоеви се редуваат со слој еластичен биополимер,кој ја прави школката цврста.
Кога избирате седефени копчиња,запаметите,дека разликата со бисерните е мала .Кај нив плочките калциум карбонат се наоѓаат вертикално на површината и радијално кон дразбата,која се претвара во јадро на бисерот.
Според видот мекотело,кое го лачи,седефот може да биде од темен до бел. Карактерно за него се блесокот и промената на бојата во зависност од аголот на гледање. Во различните периоди бисерните школки се користеле со различни цели- од средство за трговска размена до импресивни материјали за накит,камени и уметнички дела. И се разбира за блескавите бисерни копчиња.