ДРВЕНИ КОПЧИЊА

Галерија

Дрвените копчиња се сакани од нашите клиенти. Ги изработуваме од дрвесината на шимширот. Таа е исклучително цврста,а во исто време се обработува лесно и е со убави шари. Се бојадисува добро,гравирањето,натписите и декорацијата со ласер даваат одлични резултати. Преку горење дрвените копчиња стануваат со ретро визија.
Користете ги за специјални колекции облека изработени од природни материи во винтиџ стил.