КОПЧИЊА ОД КОСКА
Галерија
Постарите генерации уште паметат старите обични копчиња од коска. Тие се со малку потемно бела боја, или поскоро со бела боја со бледожолт сјај или малку потемни. Нивната единствена декорација беше солиден, издаден раб по крајот или целосно се мазни. Имаше ги каде ли не – на кошулите на бабите и навлаките на перниците, на грубите памучни кошули и фустани. Откако почна модата на жартиерите за деца ,мајките изработуваа специјални елечиња,врз кои шиеја големи коскени копчиња и на нив се закачуваа жартиерите. Ако денес во некој дом уште може да се види вакво копче,тоа носи само носталгија или насмешка,во споредба со модерните си браќа.
Можности за разновидност
Коската и исклучително добра за цртање,гравирање,делкање. Денес тоа е лесен процес,се врши со ласер. Добро се примени натписите,логото на дизајнерите на облеката и др. Комбинацијата од гравирање и боја во дното на браздите создава особено импресивен впечаток.
Многу погодна за примена врз копчињата од коска е методата на горењето. Тоа им дава ретро стил и винтиџ .Всушност експертите сметаат, дека овој материјал е корисен за манипулирање со високи температури, бидејќи добиените нијанси и сенки не можат да бидат повторени врз ништо друго.
Можеме да изработиме специјална серија по ваш проект,строго почитувајќи ги сите ваши барања и да ги задоволиме најсофистицираните ви вкусови.
Модниот стар материјал
Во милениумската историја на копчињата како најбарани заедно со бисерните и од рог лесно достапни биле копчињата од коска. Материјалот секогаш постоел- особено помеѓу луѓето кои с е научиле да одгледуваат животни сами и месото станало дел од нивната храна. Бил лесен за обработување,цврст и поднесувал перење и сушење. Го немал сјајот на благородните метали и камени,дури ни на бисерните школки,но не бил скап и вршел одлична работа. Безимени мајстори со многу труд и упорство од малото парче коска изработувале вистински ремек дела,кои денес археолозите ги пронаоѓаат и на кои се восхитуваме.
По Втората светска војна,во средината на дваесеттиот век,коската била исфрлена од листата на суровини,кои се користат за производство на копчиња. Пластиката е победник и се чинеше дека ќе царува долго и засекогаш.
Но само неколку десетки години покасно,луѓето започнаа да чувствуваат носталгија по вистинските,природни ствари и сериозно да ја негуваат природата. На овој начин органските материјали се вратија и во комбинација со новите технолошки можности за обработување создадоа великолепни копчиња.
Како да ги распознаете вистинските копчиња од коска ?
Коските имаат поголема густина од останатите природни материјали и тоа ги прави копчињата од коска потешки споредено со другите при еднакви услови. Ако го пуштите вакво копче врз стакло,ќе слушнете звук исто да сте го удреле стаклото со порцелан .Оваа особина на материјалот го прави потежок за обработување,споредено со другите од органско потекло.
Користење на коскените копчиња некогаш и денес
Јасно е ,дека до неодамна, овие копчиња се едни од најкористените,не блескаа со ништо особено и сегде се користеа,каде требаше да се откопчува и закопчува почесто.
Денес тие се стилни копчиња,со висока украсна вредност,додаток кон специфичен стил на облека или материјали. Копчиња од коска одлично одговараат на материјали од природно влакно од растително или животинско потекло- волна,лен,памук.
Омилени се за капути,јакни,сака,мантили и др.се шијат врз одела и спортски џемпери.
Со нивна помош може да ја обогатите вашата гардероба и да засилите ретро воздејството на одредена облека.
Се користат и с чисто декоративни функции. Објект се на колекционери. Ги вклучуваат во изложби и се објект на специјално внимание во единствениот Музеј на копчињата во Италија.
Ако не ви се допаѓаат пластиката и вештачките материјали,ако срцето ви посакува стабилност, безбедност и постојаност, тогаш вашиот избор дефинитивно се класичните копчиња од коска. Со нивна помош облеката ќе се здобие со стил и целост.