КОРОЗО КОПЧИЊА

Копчињата се во придружба на човекот од длабока древност. Најстарите примероци се од почетокот на бронзеното време и се откриени во Индија. Интересот кон овој ситен додаток се засилувал во годините на богатство и благосостојба,а стивнувал за време на беда и насилство. И вака -со променлив успех до денес.

Галерија

,,Зелен бран ,екологија и копчиња”

Во последните децении желбата да се користат пред се обновливи природни ресурси, кои не бараат сложена индустриска преработка, освојува светот и влијае дури и врз копчињата. Тие се повеќе се од природни материјали како рог, дрво, седеф, слонова коска, плута, корозо и др.
Веројатно од сите наведени погоре материјали најнепознат ни е материјалот ,,корозо”.
Вие всушност и не знаете што е корозо,а со сигурност сте користеле корозо копчиња. Тие се многу распространети ,затоа што материјалот од кој се прават е евтин,квалитетен,природен и се обработува и бојадисува лесно.

Што е ,,корозо” и од каде доаѓа.

Тоа е вид тропска палма од родот Phytelephas, која се нарекува уште „тагуа” или „корозо”. Расте во дождливите шуми на Јужна Америка. Во нејзините големи плодови има по неколку семки со кафена надворешност и многу бело тврдо јадро. Надворешно и поради тоа што таа почнува да жолтее од сонцето,започнува да личи на слонова коска и затоа ја нарекуваат ,,растителна слонова коска”. Оваа сличност се цени високо. Локалните занаетчии произведуваат неверојатни минијатурни скулптори, многу популарни меѓу туристите.

Првиот увоз од Еквадор во Европа на семките ,,тагуа” започнува некаде од крајот на 18-ти век. Трговијата со нив била многу прометна. Во 1920 година повеќе од 20% од копчињата во САД биле корозо копчиња – направени од оваа суровина.
Таа е заборавена при офанзивата на пластиката по крајот на Втората светска војна. Но заедно со еколошкото размислување и побарувачката на природни материјали, брзо се обновува и производството на копчињата од растителна слонова коска.

Практично корозо суровината е неисцрпна. За нејзиниот добив дури не треба да се сечат дрвја. Едноставно се собираат плодовите, паднати на земјата. Плодот се користи за храна на животните, а семките тргнуваат кон фабриките за копчиња и ателјеата на уметниците. Само,откако плодот падне сам, семето во него е доволно зрело и готово за обработување.

Предности на современите корозо копчиња.

Од една страна,производството им со ништо не ја оштетува природата. Од друга страна- материјалот дава огромни можности за збогатување на дизајнот. Под микроскоп структурата изгледа како навиени растителни влакна.Тоа обезбедува голема цврстина и не дозволува гребење и оштетување. Порите ја примат длабоко бојата- до 3-4 мм и овозможуваат квалитетно боење.

За нивно производство се применуваат различни постапки. Корозо може да се сече, стега, да се гравира со ласер, гори, полира, избелува, обојува и др. Ова обезбедува неброени варијации за разновидности и индивидуализација на моделите. Практично може да се направат било какви ефекти за кои ќе изразите желба, дупчиња исто така не е задолжително да се 2 или 4, а димензиите зависат целосно од потребите ви.

Поради карактерната си структура,специјалистите тврдат,дека нема две во целост слични семки и секое копче е уникатно.

Краевите влакна на површината не се бришат нито по обработување,нито после фарбање и го прават производот лесно препознатлив.
Лесното добивање и богатите реколти ги прават семките поевтини од останатите природни материјали. Во истото време ефектните корозо копчиња се поскапи од полиестрните и тоа е сосема нормално- нивната суровина патува од Еквадор,секоја семка се обработува индивидуално,а користените бои исто не се евтини.

Како да ги негуваме?

Облеката на која има корозо копчиња, може да се пере во машина и да се пере со врела вода. Поднесува мирно суво чистење и пеглање. При перење копчињата примат многу малку влага и при сушење надоместуваат целосно обемот и формата си. Сепак, не е добра идеја да заборавите облеката накисната во вода за повеќе од 24 часа.

Целосно нетоксични и при обработување не се користат токсични супстанци и шетни хемикалии.