ПОЛИЕСТАРНИ КОПЧИЊА
Галерија
Можностите при производството на полиестарни копчиња
Во зависност од формата на материјалот,копчињата може да бидат во форма на прчки- полиестарот е оформен како прчка. За копчињата во форма на лист,материјалот претходно се оформува како лист. Тоа е важно за нивното обојување- обично листовите се еднобојни,а овие во форма на прчки се богато обоени во различни нијанси. Многу се барани проѕирните и полупроѕирни модели .Во зависност од посакуваниот ефект,кој се очекува,кон суровината се додаваат различни хемикалии. На овој начин се добива бисерен сјај,снежно бел или метален надворешен вид.
Реално кај копчињата од полиестар може да биде имитиран секој материјал- дури во целост природни материјали- пример- рог. И тоа со квалитет,кој дури стручното лице нема да ја распознае имитацијата.
Тоа се најкористените копчиња во светот.
Односот на тие,кои ги одбират полиестарните копчиња приближно е 10:1 ,споредено со сите други материјали. Тоа се објаснува со нивната исклучително ниска цена. Кај нив се применуваат сите познати методи и процедури за декорирање и разубавување,се стават натписи и лого според желбите на клиентот. Дополнителното обојување од внатре го зголемува ефектот и ги привлекува клиентите. Друга многу важна предност е тоа,дека секоја една од посакуваните карактеристики може да биде контролирана за време на производството- од густина,која се определува од излевањето на полиестарот и се до бројот,ширината,растојание на дупките,боја и сјај,блесок. Ние можеме да ви обезбедиме 4 варијанти- светли,полусветли,матирани и матирано светли.
Другата огромна предност на копчињата од полиестар
Тие се прилагодени за различна облека и материјали. Се произведуваат со димензии од 12 до 72. Во зависност од декорацијата може да ги зашиете на машка облека,но може да одберете нежни и фини модели за најелегантните дамски фустани. Можеме да ви понудиме копчиња и за капути и рачно плетена груба облекло,за свила и муслин. Само вие одлучите,што ви е неопходно.
Инвазија на вештачките материјали
Во 40-те – 50-те години од дваесеттиот век, после Втората Светска војна ,науката и технологијата доживуваат исклучителен развој и пластиката, произведена од нафтени деривати, навлегува во секојдневниот живот. Копчињата се евтини, лесно достапни, разновидни како форма, боја, дупки и димензии. Се правеле преку леење,пресување,шанцирање, возможно било дополнително да се обработуваат и обојуваат. Имало можности за производство на исти големи количини копчиња ,по исто време. Тоа ги симнало цените до неочекувани за потрошувачите нивоа. Но ги направило копчињата исти, без сопствени карактеристики. Скоро целата количина ,која се користела била од пластика. Откако се појавуваат полимерите со естер функционална група,се појавуваат и првите копчиња од полиестар. Тие брзо го заземат местото на копчињата од пластика и се омилени на потрошувачите. Новиот материјал ги направил поубави и поцврсти.